
Вест Хем после очајните резултати конечно успеа да ги усреќи своите навивачи и денеска дојде до втората последователна победа во првенството, и бодови кои се златни за нив во борбата за опстанок.
Лондонскиот клуб беше домаќин на Сандерленд кој оваа сезона е во многу подобра форма, но гостите полесно од очекуваното „паднаа“ во Лондон.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Вест Хем го реши сѐ уште во првото полувреме кога домаќините водеа со 3:0.
Но, за жал фудбалот не беше во прв план по натпреварот. Во самиот финиш дојде до срамна сцена поради која главниот судија дури и го прекина натпреварот кратко додека не се смират страстите.
Имено, во центарот на вниманието се најде швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака кој имаше жесток вербален дуел со еден од навивачите на домаќините.
Џака денеска не играше и беше веднаш зад клупата на Сандерленд, а два реда зад него седеше навивач кој го провоцираше во финишот на натпреварот.
„Што сакаш од мене?“, му повторуваше Џака на навивачот на Вест Хем.
Granit Xhaka absolutely fuming 😂! #WHUSUN pic.twitter.com/sO7ZelNKqk
— The Final Whistle (@Rufus_45) January 24, 2026