Молдавскиот фудбалер Петру Ојог (34) до минатата година ја извршуваше функцијата претседател на клубот кој сега е згаснат, ФК Сфинтул Георге. Неговата играчка кариера, како и секоја друга во фудбалот, заврши овие денови. Молдавската фудбалска федерација (ФНФ) преку својата Етичка комисија донесе одлука за суспензија на Ојог од фудбалот на дури 15 години.
Причината е местење натпревари. Покрај него, казнет е и фудбалерот Игор Бондаренко, но на значително покус период од една година. Во соопштението на ФНФ стои дека пресудата е донесена „поради вмешаност во манипулација и активности поврзани со резултатите од одредени натпревари во фудбалското првенство на Република Молдавија“.