Дома Фудбал Скандал на судењето за Марадона: Тајни снимки од лифтот ја загрозуваат постапката

Скандал на судењето за Марадона: Тајни снимки од лифтот ја загрозуваат постапката

Судењето на медицинскиот тим на Диего Марадона би можело да биде комплетно поништено откако се дозна дека една од судиите, Хулиета Макинтак, позната како „Божената судија“, тајно снимала документарен серијал за случајот, што претставува сериозно прекршување на правилата.

Макинтак (47) се повлече од постапката откако во судницата беше прикажан трејлерот од шестоделниот серијал „Божја правда“, во кој таа е главната фигура.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Снимките ја покажуваат судијата на високи потпетици како влегува во зградата на судот, се вози во лифт и подготвува документи, што укажува дека снимките се остварени во судските простории без дозвола.

Документарецот ја следи Макинтак како „реконструира смртта на Марадона и тешките моменти од неговиот живот поврзани со неговото заминување“, што предизвика бурна реакција во судницата.

Обвинителот Патрицио Ферари ја обвини судијата дека се „однесува како актерка, а не како судија“, додека адвокатот на еден од обвинетите извикал „ѓубре!“ и стана за време на прикажувањето.

Ќерката на Марадона и поранешната партнерка Вероника Охеда заплакаа за време на хаотичната сцена, додека Макинтак со наведена глава изјави дека „нема избор“ освен да се повлече од постапката.

Фото: FIFA/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус повторно се обидува да го врати Коло Муани

Јувентус повторно ја разгледува можноста за враќање на напаѓачот Рандал Коло Муани во клуб…