
Германските судии Роберт Шулце и Тобијас Тенис станаа главна тема на натпреварот меѓу Шведска и Унгарија (32:32) во претпоследното коло од втората групна фаза на Европското првенство. Унгарија, која веќе немаше шансa да продолжи понатаму, имаше напаѓачка акција пред крајот при изедначен резултат. Золтан Сита започна акција кон противничкиот гол, a се обиде да го спречи Хампус Ване.
Играчот од Унгарија скокна и шутираше, а Швеѓанецот влезе во контакт со него, но судиите отсудија пробив, иако изгледаше дека одбранбениот играч беше внатре во својот казнен простор. Откако им беше досудено пробивање на Унгарците, шведскиот голман Андреас Палика брзо ја зеде топката и се обиде директно да погоди во празниот гол на противникот, но го промаши шутот кој можеше да донесе победа.
Веднаш следеше незадоволство од страна на Унгарците, бараа преглед на одлуката
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Унгарците бурно реагираа на досуденото пробивање, тврдејќи дека шведскиот играч се бранеше од својата шестметарска зона и интензивно бараа преглед на ситуацијата и седмерец. Судиите отидоа да ја прегледаат снимката, но одлуката беше шокирачка.
Иако снимката, особено во забавен преглед, јасно покажуваше дека петата на шведскиот играч при контактот делумно се наоѓаше во шестметарското подрачје, судиите не доделија седмерец кој требаше да биде досуден во таква ситуација – за екипата во напад. Можете да ја погледнете ситуацијата ТУКА.