Дома Фудбал Сите наши натпревари досега со Данска – на последниот сме ги прегазиле! (Видео)

Сите наши натпревари досега со Данска – на последниот сме ги прегазиле! (Видео)

Ждрепката денеска ја одреди Данска за ривал на Македонија во полуфиналето од мундијалскиот бараж – селекција со која имаме балансиран биланс од три меѓусебни дуели: една победа, едно реми и еден пораз.

Токму против Данска, далечната 1994 година, го одигравме и нашиот прв квалификациски натпревар во обид да избориме пласман на Европското првенство во 1996. Атмосферата на стадионот во Скопје беше повеќе од спектакуларна, со 22.000 навивачи на трибините. Македонија тогаш беше на чекор до голем триумф – Стојкоски уште во 4. минута ни донесе водство кое траеше до самиот финиш, но Полсен во 86. минута донесе поен за Данците.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Реваншот во Копенхаген од истите квалификации заврши со минимален триумф на домаќините. Нилсен беше стрелецот на единствениот гол, околу дваесет минути пред крајот.

Третиот и последен дуел, одигран како пријателски во 2013 година, им припадна на „црвено-жолтите“. Македонија тогаш славеше со убедливи 3-0, а сè беше решено во првиот половина час. Пандев, Ибраими и Новески се впишаа меѓу стрелците.

Сега вниманието е насочено кон 26 март, кога не очекува нова голема пресметка во баражот. Доколку успееме да го минеме полуфиналето, во финалето ќе не чека подобриот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска. Надежите се високи – останува да видиме дали ќе го напишеме следниот славен дел од нашата фудбалска приказна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барди испрати моќна порака: Велс нè удри силно, ова беше пораз од кој ти гори душата!

Македонскиот репрезентативен капитен Енис Барди се огласи само неколку дена по тешкиот пор…