Дома Фудбал Сите детали од договорот на Седлоски: До јуни бесплатно ќе ја води Македонија!

Сите детали од договорот на Седлоски: До јуни бесплатно ќе ја води Македонија!

Фудбалската репрезентација на Македонија тргнува во ново поглавје, откако по четиригодишниот мандат на Благоја Милевски, кормилото го презема Гоце Седлоски. Поранешниот репрезентативец и актуелен тренер на Вардар, кој оваа сезона стигна до есенска титула без ниту еден пораз, доби доверба да ја води најдобрата национална селекција.

Одлуката падна на домашно решение, а Седлоски едногласно беше избран на седницата на Управниот одбор на ФФМ. Македонската фудбалска икона застанува на селекторското столче, соочувајќи се со најголемиот предизвик во својата тренерска кариера.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На промотивната прес-конференција беа соопштени и деталите околу договорната соработка. Седлоски до крајот на јуни ќе ја води репрезентацијата без надомест, додека договорот што го нуди ФФМ е со важност од две години, со опција за продолжување на уште две. Поддршка му даде и претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

„Во фудбалот договорите се само формалност, најважно е целосно да застанеме зад селекторот и неговиот стручен штаб. Договорот е две плус две години. По барање на Седлоски, тој ќе продолжи да работи и во Вардар, бидејќи до јуни имаме минимални обврски со репрезентацијата. Не сакаме да ѝ нанесеме штета на ниту еден клуб и сметаме дека ова е коректно решение за сите страни. Свесни сме дека ќе има критики, но убеден сум дека Гоце Седлоски е вистински избор за репрезентацијата. Фокусот сега е на баражот, а по него ќе ги дефинираме целите во Лигата на нации, која стартува во септември со нов формат“, истакна Омерагиќ.

Првиот тест за новиот селектор ќе биде мартовскиот бараж за пласман на Светското првенство. Македонија во полуфиналето ќе гостува кај Данска во Копенхаген, а во случај на успех, за место во групната фаза ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов „шоу“ во Турција: Даде два гола во едно полувреме, па асистираше! (Видео)

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов одигра одличен натпревар во Турција и беше на…