
ДАВИДЕ АНЧЕЛОТИ, три недели пред својот 36-ти роденден, доби прва самостојна работа во својата тренерска кариера. Тој го презеде Ботафого, актуелниот шампион на Бразил и Јужна Америка.
Помладиот Анчелоти, познат по тоа што последниве девет години бил помошник на својот славен татко Карло, беше блиску до Глазгов Ренџерс, но на крајот, наместо шкотскиот клуб, го презеде бразилскиот гигант.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Давиде Анчелоти му асистираше на својот татко во Баерн, Наполи, Евертон и Реал, и со истата работа продолжи и откако постариот Анчелоти стана селектор на Бразил. Сега тој ќе ја комбинира работата на помошен тренер во репрезентацијата со таа во Ботафого. Давиде Анчелоти на почетокот на својата самостојна кариера ја презеде екипата која минатата сезона ја освои бразилската Серија А и Копа Либертадорес, јужноамериканската верзија на Лигата на шампиони.