Дома Фудбал Синот на Анчелоти дебитираше на клупата на бразилски гигант

Синот на Анчелоти дебитираше на клупата на бразилски гигант

Синот на прославениот Карло Анчелоти, Давиде, дебитираше на клупата на бразилскиот Ботафого. На Анчелоти јуниор ова му е прва самостојна тренерска работа.

Да потсетиме, неговиот татко на 26 мај стана селектор на Бразил и потпиша договор на една година, исто како и Давиде со Ботафого.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Во првиот натпревар под раководство на младиот италијански експерт, тимот од Рио де Жанеиро немаше среќа, одигра без голови против Виторија, во натпревар во кој неговиот тим имаше апсолутна доминација.

Станува збор за 14. коло од бразилската Серија А.

Ни 20-те удари кон голот на противникот не беа доволни за Ботафого да го совлада голманот на гостите, како ни поседот на топката од 62%. Исто така, меѓу стативите на Виторија блескаше голманот Лукас Арањо кој со неколку клучни интервенции го спаси својот тим од пораз.

На крајот забележа дури десет одбрани.

“Во фудбалот мора да постигнете гол за да победите. Денес не беше доволно. Не ни се посреќи, но мораме да бидеме подобри. Направивме доволно денес за да победиме, но не може секогаш вака да ни се случува. Тоа е фудбал. Бевме фрустрирани бидејќи секогаш сакаме да победиме, но одиме понатаму. Утре е нов ден”, рече Анчелоти јуниор по натпреварот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту трансфер, ниту клупа: Тер Штеген го чека нова долга пауза!?

Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген, би можел повторно да замине на операција. Ге…