Дома Останати Тенис Синер поради допинг останува без титулата од Австралија Опен?!

Синер поради допинг останува без титулата од Австралија Опен?!

Светот на тенисот го потресе информацијата дека Јаник Синер бил позитивен на допинг тест, и тоа двапати. Во април 2024 година дознал дека е „фатен на дело“, а потоа се бранел далеку од очите на јавноста, бидејќи целата работа била некако заташкана и никој освен најблиските соработници на Синер и оние што ја вршеле истрагата за тоа не знаеле ништо.

Кога светот дозна за тоа – веќе беше ослободен од обвиненијата. Потоа Светската анти-допинг агенција (ВАДА) поднесе жалба, а тогаш се случи шокантен пресврт. Австралиските медиуми сега бараат – да му се одземе гренслем титулата од Мелбурн на Синер!

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Хералд сан“ вчера, во понеделник на 17 февруари 2025, преку својот колумнист Тод Балим го кажа тоа во колумната насловена „Титулата од Австралија Опен мора да му се одземе на Синер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Титулата во Романија донесе голем скок за Ѓорческа на ВТА листата!

Македонската тенисерка број еден, Лина Ѓорческа, ја продолжува успешната низа – викендов в…