Дома Останати Тенис Синер ja „уништи“ конкуренција со заработка на турнирите во 2024 година

Синер ja „уништи“ конкуренција со заработка на турнирите во 2024 година

Италијанецот Јаник Синер, очекувано, најмногу заработи од учествата на турнирите во 2024 година, многу повеќе од второпласираниот и третопласираниот на оваа листа.

Рекетот број еден во светот зад себе има најуспешна година во кариерата, а успесите кои ги редеше на најголемите турнири добро ги наплати – заработи само од победи и титули дури 18.930.222 евра.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Италијанскиот тенисер не го надмина рекордниот износ кој некој тенисер го заработил за само една година, станува збор за финансиските приходи на Ѓоковиќ од 2015 година, кој изнесува 20.756.488 евра.

На второто место на листата на играчи кои најмногу заработија од турнирите во отминатата година е Александер Зверев со 11.032.202 евра, додека на третото место е Шпанецот и четирикратен Гренд Слем шампион Карлос Алкарас со заработка од 9.935.666 евра.

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ е на осмо место на оваа листа со заработка од 4.241.441 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер без проблеми до второто коло на Вимблдон!

Најдобриот тениски играч во светот, Јаник Синер, лесно обезбеди пласман во следната фаза н…