
Италијанецот Јаник Синер продолжува да привлекува внимание, не само со своите извонредни настапи на Вимблдон, туку и со необичниот пристап кон подготовките пред најважните натпревари.
Првиот тенисер на светот и противник на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот, одржа уште еден специфичен тренинг на терените во Аоранги Парк – и го заврши трчајќи бос по тревата!
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Италијанецот, кој претходно се жалеше на болки во лактот, и овајпат тренираше со потпора, додека му спаринг партнер беше сонародникот Пјерлуиџи Базиле. За разлика од претходните денови, кога со лесен ритам удираше со Jacopo Vasami, овојпат Синер веднаш започна со побрзо темпо, што сугерира дека се чувствува значително подобро пред дуелот со Ѓоковиќ.
Сепак, најмногу внимание привлече самиот крај на тренингот – Синер ги изу патиките и започна да трча бос по тревата. Овој потег не е случаен. Неговиот тим верува во техниката „уземлување“, односно трчање боси нозе по природна подлога, за која сметаат дека стимулира нервите во стапалата, поттикнува релаксација на мускулите и помага на телото да се опорави побрзо по напор.
Sinner turned up at training this morning with his right arm wrapped.
— Tennis Bettor nishi (@nishikoripicks) July 9, 2025
Credit to @Simon_Forever pic.twitter.com/RWnlVVqLjj
Фото: Принтскрин