
Италијанскиот тенисер Јаник Синер оствари победа над Александар Зверев со резултат 2:0, со сетови 6:3 и 7:6(4), и се пласираше во финалето на Мастерс 1000 турнирот во Мајами.
Синер е голем фаворит за освојување на така наречениот „саншајн дабл“ односно, двојниот трофеј поради триумфот во Индијан Велс претходно овој месец (Мастерсите во Индијан Велс и Мајами).
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Синер е сега само една победа далеку од тоа да стане првиот човек од периодот на Роже Федерер во 2017 година, кој го комплетира трофејниот „саншајнд дабл,“ победувајќи во Индијан Велс во калифорниската пустина и на Мајами Опен на јужна Флорида во истата сезона.
Ова е за фантастичниот Синер 11-та последователна победа и тој е голем фаворит против 22. тенисер на светот во финалето. Финалето е закажано за утре во 19:30 часот. Лехечка, да потсетиме, во полуфиналето го совлада францускиот тенисер Артур Филс.
Јаник Синер реагираше по победата над Зверев за да го достигне своето четврто финале во Мајами
Првиот човек во историјата кој достигнува 3 или повеќе последователни финалиња на Мастерс 1000 без изгубен сет Тенисот се уште е многу напорен спорт…но тој го прави да изгледа лесно 🇮🇹🦊 pic.twitter.com/qDOHPE1bhV — The Tennis Letter (@TheTennisLetter) March 28, 2026