Дома Останати Тенис Синер без проблеми до второто коло на Вимблдон!

Синер без проблеми до второто коло на Вимблдон!

Најдобриот тениски играч во светот, Јаник Синер, лесно обезбеди пласман во следната фаза на Вимблдон.

На теренот број 1, Синер без поголеми тешкотии го совлада својот сонародник Лука Нардји со 6:4, 6:3, 6:0.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Јаник не му дозволи ниту една брејк шанса на противникот, а особено беше уверлив во третиот сет, кога не загуби ниту еден гем.

Нареден противник на Синер во второто коло ќе биде Александар Вукиќ, кој по четири сета го исфрли Ценг.

За момчето од Тирол требаше време да му го одземе првиот сервис на Нарди, што се случи дури во 10-от гем од првиот сет, со што истиот и заврши.

Синер ја продолжи извонредната игра со одземање на сервисот на својот противник, по што низ третиот сет е прошета без поголеми проблемо.

Пред Синер, Томи Пол ја оправда улогата на фаворит против домашниот тенисер, кој добил специјална покана, Јоханус Мандје, со резултат 6:4, 6:4, 6:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Го чека пекол!

Новак Ѓоковиќ ќе има исклучително тежок пат на Отвореното првенство на САД во тенис, каде …