Дома Фудбал Симеоне сака мир во Атлетико: Стоиме цврсто на земја, најтешкиот натпревар доаѓа

Симеоне сака мир во Атлетико: Стоиме цврсто на земја, најтешкиот натпревар доаѓа

Атлетико Мадрид ја елиминираше Барселона во Лигата на шампионите и се пласираше во полуфинале на турнирот, што го подигна духот во тимот. Сепак, во сабота им следи уште еден важен дуел, финалето на Кралскиот куп на Шпанија против Реал Сосиедад, кое ќе се одигра во Севиља. Тренерот на тимот, Диего Симеоне, увери дека презел мерки за да останат играчите фокусирани.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што истакна, не постои веќе време за славење на резултатите од елитното натпреварување.

– Знаеме колку е значајно за секој спортист да игра во финале и да се потруди максимално за победа. Во вторникот одигравме значаен натпревар кој ни донесе место во полуфинале на Лигата на шампионите, но сега ние стоиме цврсто на земја. Свесни сме за тешкотиите кои нè очекуваат против конкурентен противник. Ние не очекуваме ништо друго освен да ја насочиме играта во правец кој ќе ни даде предност – изјави Симеоне.

Иако Атлетико често се наоѓа во завршните фази на Лигата на шампионите, тимот за трофејот од Кралскиот куп беше во финале на домашната сцена пред 13 сезони. Тогаш го совлада Реал Мадрид со 2:1 на „Сантијаго Бернабеу“ по продолженија. Тоа беше и првиот домашен трофеј за Симеоне како тренер на екипата.

– Човекот се менува и напредува, не е ист. Едно е да имаш 20, 30, 40 години и да бидеш фудбалер или тренер. Ние израснавме заедно со можностите кои ги понуди клубот, постојано држејќи се на една идеја и една цел. Што се однесува до тоа, не сме се промениле од пред 13 години – објасни тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси доби зелено светло од новиот тренер

Челси влегува во сосема нова ера откако е донесена конечната одлука за промена на тренерск…