Дома Фудбал Симболите на теренот во натпреварот на ПСЖ станаа вирални, исчезнаа по почетокот на натпреварот (Фото)

Симболите на теренот во натпреварот на ПСЖ станаа вирални, исчезнаа по почетокот на натпреварот (Фото)

ПСЖ победи на гостување кај Л Ман со 2:0 со голови на Дуè и Баркола во осмина финалето на купот, но главната тема од тој натпревар беа двете големи стрелки нацртани на центарот на теренот. Француската јавност ги забележа при изведување на почетниот удар, кога беа јасно видливи при преносот на централниот круг. Гледачите беа заинтригирани од овој феномен, но и од тоа што симболите исчезнаа како што натпреварот течеше.

На социјалните мрежи се поставуваа прашања за што станува збор, а прв објаснувањето го даде фудбалскиот инфлуенсер Вински: “На натпреварот Лe Ман-ПСЖ соработуваl со агенцијата Енержи ду фут по повод операцијата #DemainFootballClub. Нејзината цел е да го вклучи францускиот фудбал во енергетска транзиција мотивирајќи едноставни еколошки акции.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Наскоро се огласи и Фудбалската федерација на Франција: “Овој уникатен програм има за цел да ја подигне свеста меѓу аматерските клубови, играчите, љубителите на фудбалот и пошироката јавност за еколошките предизвици на енергетската транзиција, давајќи им клучеви за преземање конкретни акции.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ преку пенали до шести трофеј годинава

Пари Сен Жермен ќе стави крај на најуспешната година во историјата на клубот. Екипата на Л…