Дома Моторспорт Шок за семејството на Шумахер: Поради еден потег цел свет ќе дознае се за славниот возач?!

Шок за семејството на Шумахер: Поради еден потег цел свет ќе дознае се за славниот возач?!

Поради тоа што сопругата на Михаел Шумахер ја известила полицијата дека нивниот поранешен телохранител ги уценува, сите податоци кои ги криеше од јавноста би можеле да бидат јавно објавени. Корина бара од судот дел од судењето да биде затворен за јавноста, но прашање е дали ќе успее во тоа.

Славниот возач на Формула 1 Михаел Шумахер не е виден јавно речиси 11 години, откако се случи страшната несреќа додека скијаше на Алпите, а тоа се обиде да го искористи неговиот некогашен телохранител Маркус Фрише. Заедно со својот пријател Јилмаз Тозтуркан и неговиот син Даниел Линс ја уценувал фамилијата Шумахер. Стигнал до осетливи фотографии и документи и барал дури 15 милиони евра во замена за молчење, а не ни сонувал дека сето тоа ќе биде пријавено на полицијата.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Tака оваа недела во судот во германски Вупертал започна судски процес против споменатите мажи кои украле 1.500 фотографии, 200 видео-снимки и детални извештаи за состојбата на Михаел Шумахер. Она што посебно ја интригира јавноста е фактот дека е побарано судењето да биде јавно, што воопшто не одговара на сопругата Корина Шумахер и нивните деца.

Затоа Фрише, кој дојде насмеан на судењето, особено не се грижи. Семејството побара дел од судскиот процес да биде затворен за јавноста поради осетливоста на информациите, а ако тоа не биде усвоено – ќе слушнеме сè за состојбата на Михаел Шумахер.

Речиси 11 години нема информации за него, само шпекулации – од тоа дека Шумахер и понатаму е во кома, преку тоа дека е во вегетативна состојба, па се, до оние пооптимистични тврдења дека комуницира со своето семејство. Заради тоа воедно и неговата здравствена состојба привлече внимание кај некогашниот телохранител и неговите “колеги”, па така тие сакаа да ја искористат ситуацијата и да “заработат од туѓа несреќа”, затоа што семејството не сака ништо да соопшти за него.

За сега нема информации дали Судот во Германија ќе го усвои барањето на семејството, така што ќе биде интересно да се види дали ако се случи тоа ќе мора да се откажат од кривичното гонење на Фрише, Линс и Тозтуркан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Васер откри важни промени во Ферари – му се „смешка“ титула на Хамилтон?

Ферари ја заврши 2024 година на второто место во генералниот пласман на конструктори, со с…