Дома Останати Што велат обложувалниците: Кој е фаворит пред борбата на Тајсон и Пол?

Што велат обложувалниците: Кој е фаворит пред борбата на Тајсон и Пол?

Спортската јавност е во исчекување на борбата помеѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол која ќе се случи во ноќта која следи од пет часот наутро.

На стадионот AT&T во Арлингтон, Тексас, борбата ќе биде во осум рунди во траење од две минути наместо вообичаените три.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според обложувалниците, клучна е разликата во годините и токму затоа Пол е фаворит. Главните обложувалници за победа на Пол нудат коефициенти кои се движат од 1,36 до 1,54, додека победата на Тајсон коефициентот варира од 2,35 и 2,82.

Исто така, според обложувалниците, поверојатно е некој од борците да победи со нокаут или со тхенички нокаут, отколку со судиска одлука.

Тензии видовме и на последното соочување пред борбата во кое Тајсон му удри шлаканица на Пол. Од борбата Пол има сигурни 40 милиони долари, Тајсон 20, додека славниот боксер ќе добие уште толку доколку победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…