Дома Фудбал Шпанците го критикуваат: Погледнете што направи Рудигер за време на славјето на Реал (Видео)

Шпанците го критикуваат: Погледнете што направи Рудигер за време на славјето на Реал (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Лига на шампиони, елиминирајќи ги градските ривали, играчите на Атлетико. Откако Реал во првиот натпревар победи со 2:1, Атлетико во реваншот пред своите навивачи беше подобар со 1:0. Во продолженијата немаше голови, па победникот беше решен на пенали, каде Реал беше супериорен со 4:2. Во четвртфиналето ќе играат против Арсенал, кој со вкупно 9:3 го исфрли ПСВ.

Германскиот дефанзивец едвај постигна гол бидејќи Облак ја допре топката, но сепак заврши во мрежата. За време на прославата на патот кон успехот, опкружен од соиграчите кои скокаа и се радуваа, Рудигер со прстот направи гест како сечење на врат, додека беше свртен кон навивачите на Атлетико.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


“Жална гестикулација на Рудигер упатена кон навивачите на Атлетико за време на славјето. Се изгуби од контрола додека со соиграчите славеше пласирањето во четвртфиналето на Лигата на шампиони. За жал, предмети летнаа од трибините на Метрополитано, а тој направи гест на сечење на врат”, објави шпанскиот медиум АС, а видеото може да го погледнете подолу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хрватите сакаат да се разликуваат: Само кај нив ВАР ќе има друго име!

Хрватскиот јазик доби нов збор кој ќе се користи како замена за ВАР. ВАР стана универзално…