Дома Останати Тенис Шок за шампионката на Вимблдон: Турнирот го заврши во третото коло!

Шок за шампионката на Вимблдон: Турнирот го заврши во третото коло!

Бранителка на титулата на Вимблдон, чешката тенисерка Барбора Крејчикова, го заврши својот настап уште во третото коло.

По напорна борба, беше поразена од Американката Ема Наваро, која беше десетта носителка на турнирот, со резултат од 2:1 во сетови (2:6, 6:3, 6:4).

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Крејчикова ја започна играта извонредно и го освои првиот сет, дури во вториот сет имаше и предност со брејк, но подоцна попушти, што и дозволи на Наваро да изедначи.

Во решавачкиот сет, Крејчикова се соочи и со здравствени проблеми. И беше мерен притисокот и нивото на шеќер во крвта, па дури и се расплака на момент, што ја искористи Наваро за да го сврти натпреварот во своја полза.

Во осминафиналето, Наваро ќе се соочи со тинејџерската сензација Мира Андрејева, која лесно ја победи Хејли Баптист со 6:1, 6:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вакво нешто не се памети: Тенисерка на Вимблдон урнебесно реагираше поради пчела

Шуај Жанг и Екатерина Александрова обезбедија место во третото коло на Вимблдон во конкуре…