Дома Фудбал Шок за поранешниот германски репрезентативец: Се вратил од роденденска прослава и дома го дочекале – разбојници!

Шок за поранешниот германски репрезентативец: Се вратил од роденденска прослава и дома го дочекале – разбојници!

Поранешниот германски репрезентативец Кевин Курањи имаше, благо речено, непријатно искуство кога влезе во вилата во Штутгарт затоа што затекна двајца провалници, кои изнесоа предмети со вкупна вредност од 150.000 евра.

„Тоа беше роденденска прослава со семејството. По пристигнувањето дома, видов дека светлата се запалени и бев изненаден. Видов турнати предмети и сфатив дека нешто не е во ред, па викнав. Крадците скокнаа од терасата и побегнаа. Трчав по нив, но исчезнаа во шумата пред да пристигне полицијата“, објасни 43-годишниот за Bild.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Полицијата сé уште не ги идентификувала виновниците, а во соопштението тврди дека влегле во вилата преку подрумот.

„Украле и два часовника што ќерка ми ги доби од баба ѝ. Тоа највеќе ме боли“, се пожали Куранји.

Зад 190 см високиот Куранји, кој е во брак со Хрватката Викторија Пеличиќ, стои богата кариера.

Роден во Рио де Жанеиро од брак на Германец со унгарски корени и жена од Панама, Курањи од Бразил се пресели во Штутгарт во 1997, каде што заигра за вториот тим на популарните Шваби и младинската репрезентација на Германија.

Првиот професионален договор со Штутгарт го потпиша во 2001, за кој даде 40 гола на 99 натпревари во Бундеслигата, и остана таму до префрлувањето во Шалке во 2005, каде што се истакна како клупска легенда со 71 гол на 162 натпревари во Бундеслигата.

Боите на Шалке ги бранеше пет сезони, а во 2010 се пресели во московскиот Динамо за кој играше до 2015 и одењето во Хофенхајм, каде што ја заврши професионалната кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ремек дело: Погледнете го голот на Самарџиќ против Австрија

Репрезентацијата на Србија синоќа ремизираше против Австрија 1:1 во првиот натпревар од пл…