Капитенот на хрватската ракометна репрезентација Домагој Дувњак се повреди на почетокот на натпреварот против Аргентина во второто коло на Светското првенство.
Дувњак ја напушти играта во осмата минута, а потоа лекарите му пружија асистенција во соблекувалната.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Чувствуваше болка во потколеницата и во солзи отиде во соблекувалната. Ова е последно големо натпреварување на Дувњак со репрезентацијата.
Има 36 години и зад себе има бројни успеси, од кои последен е сребрениот медал од ЕП 2020 година.
Тој постигна два гола на првиот натпревар против Бахреин.