Дома Останати Кошарка Шок за Барселона: Капитенот може да се пензионира на 31 година!

Шок за Барселона: Капитенот може да се пензионира на 31 година!

Неочекувана вест ја потресе кошаркарската сцена кога голем број специјализирани портали од странство ја објавија изненадувачката можност Алекс Абринес, капитенот на кошаркарската екипа Барселона, да ја заврши својата кариера.

Според информациите на Мундо Депортиво, кој се повикува на “извори блиски до играчот”, Абринес би можел да се повлече по завршувањето на сезоната во шпанската лига.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Причините за оваа одлука вклучуваат проблеми со менталното здравје, кои и претходно го натераа да ги напушти Оклахома Сити Тандерс. Дополнително, Барселона има намера да го измени неговиот тековен договор.

Иако Абринес има уште една сезона според договорот, клубот предложи продолжување на истиот но со значително намалување на платата.

Неговата улога оваа сезона е намалена, што е дополнителен фактор за неговото сериозно размислување дали е време да се повлече од професионалниот кошаркарски свет.

Фото: Barcelona Basket/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ВИДЕО Неверојатен пресврт на Индијана и кош 0,3 секунди пред крајот за победа во финалето на НБА

ИНДИЈАНА ПЕЈСЕРС направи драматичен триумф против Оклахома Сити Тандер со 111:110 и поведо…