Дома Фудбал Шок во Партизан: Си замина тренерот Милошевиќ – позната и причината!

Шок во Партизан: Си замина тренерот Милошевиќ – позната и причината!

Тренерот на Партизан, Саво Милошевиќ, поднесе оставка, пренесува „Телеграф“. Неофицијално, причината е што не успеа да се договори со новото раководство на клубот околу намалување на платата, така што веднаш одлучил да замине од клубот, а претседателот на Работната група Расим Љајиќ и неговите соработници ќе мора да најдат ново решение.

Новото раководство на клубот најави „намалување на трошоците“ на сите страни и се зборуваше за преговорите кои ги имаат и со првиот тренер Милошевиќ.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се чинеше дека ќе постигнат договор, но Милошевиќ не се согласи со намалување на платата и поради тоа поднесе оставка. Засега не е познато од колку голем дел од платата Партизан барал да се откаже Милошевиќ.

Како што е познато, голем број вработени во Партизан си заминаа поради тоа што не се согласија на намалување на платата или бидејќи тогаш беше оценето дека се „вишок“ и најдобро е за двете страни да се разделат, но малкумина очекуваа дека во истата таа група луѓе ќе биде и првиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ бара нов договор, Перез му постави услов

Лука Модриќ изрази желба да остане уште една година во Реал Мадрид и својата кариера да ја…