Дома Останати Ракомет Шок и тага во Пролет: Јовиќ неколку часа пред да почине го водел тимот на тренинзите

Шок и тага во Пролет: Јовиќ неколку часа пред да почине го водел тимот на тренинзите

Утрово македонската спортска јавност ја потресе веста за смртта на Александар Јовиќ, а на социјалните мрежи се огласи и РК Пролет каде што Јовиќ беше тренер.

За сите во Пролет информацијата била шокантна, а Јовиќ починал во раните утрински часови, иако неколку часа претходно нормално работел со тимот на тренинзите.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


„Сите сме во шок од информацијата добиена утрово, дека Јовиќ го во раните утрински часови го загубил животот, иако само неколку часа претходно ги водеше тренинзите на нашата екипа.

Немаме зборови да ја опишеме загубата, не само за нашиот клуб, туку и за целокупниот македонски ракомет, врз кој Ацо Јовиќ остави длабока трага и како играч и како тренер.

Александар Јовиќ помалку од една година беше предводник на нашата прва екипа и работеше со младинските категории во тимот, секогаш импесионирајќи со желбата да се помогне на секој играч да напредува во кариерата. Имено на Јовиќ засекогаш ќе остане запишано во историјата на нашиот клуб, како синоним за беспрекорен професионалец кој живееше за ракометот.

Искрено сочувство до семејството“, објави Пролет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Шок за Португалците: Поради допинг останаа без еден од најважните ракометари!

Португалскиот ракометен репрезентативец Мигел Мартинс нема да настапи за својата националн…