![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot-2025-02-13-102500-850x491.jpg)
Eкипата на Шкупи ги разочара своите фанови откако соопшти дека нема да може да ги регистрира засилувањата кои пристигнаа во јануарскиот преоден рок.
Од Шкупи информираат дека и покрај тоа што ги подмириле долговите поради истечениот рок не добиле дозола.
Клучот на иднината! ↓↓↓
„ФК Скопје сака да ги информира навивачите и пошироката јавност дека поради некои бирократски пречки не успеавме да го деблокираме трансфер пазарот на клубот и покрај отплатата на сите долгови.
Како резултат на тоа, клубот нема да може да ги регистрира играчите на кои пристигнаа во јануари.
Сепак, со тимот и сегашниот фонд на играчи што ги имаме во нашите редови, уверени сме дека ќе ги постигнеме нашите главни цели за пролетниот дел од сезоната. Им благодариме на сите навивачи за континуираната поддршка и посветени сме да дадеме максимум на секој натпревар“, соопшти Шкупи.