Дома Фудбал Шкендија: Дваесетина навивачи направија проблем, се дистанцираме од нив!

Шкендија: Дваесетина навивачи направија проблем, се дистанцираме од нив!

Прволигашот од Македонија, Шкендија, излезе со соопштение за јавноста велувајќи дека жали за големата трагедија во Кочани. Клубот ја почитуваше минутата молк одредена од ФФМ, но мала група навивачи се понесе неодговорно.

„ФК Шкендија со целосна одговорност ги прифаќа и почитува сите институционални одлуки во однос на чувствителни општествени моменти. Ние, како клуб, длабоко ја осетивме трагедијата во Кочани – настан што го потресе целото население и емотивно се одрази на секојдневието. Оваа тага беше присутна на секој тренинг минатите денови и се рефлектираше на натпреварот против АП Брера. И покрај победата од 2:1 и задржувањето на лидерската позиција, тимот не славеше на вообичаен начин.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Во овој контекст, Шкендија ја испочитуваше минутата молк, која беше одредена од Фудбалската федерација на Македонија во чест на жртвите. Но, за време на овој момент, група навивачи на трибините одлучи да не ја почитува тишината – однесување што не претставува ни клубот ни целокупната навивачка група. „Балистите“, кои обично се наоѓаат на трибината „Маршин Беќири“ зад голот, беа овој пат поставени на централната трибина. На стадионот имаше околу 3.000-4.000 гледачи, и само дваесетина од нив се понесоа неодговорно. Ова не ги отсликува чувствата, солидарноста и почитта на поголемиот дел од останатите навивачи.

„Балистите“ се како 12-ти играч на клубот и отсекогаш биле нераскинлив дел од Шкендија. Но, неодговорното однесување на мала група поединци не го отсликува ставот на навивачката група, која е во процес на реорганизација, ниту на останатите гледачи кои го искажаа своето незадоволство со свирежи.

ФК Шкендија жали за оваа ситуација и повторно го истакнува својот силен став кон почитувањето на загубените животи и болката низ која поминува општеството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(ВИДЕО) Реал постигна гол за пласман во финале. Реакцијата на Надал стана вирална.

СПЕКТАКУЛАРЕН реванш натпревар од полуфиналето на Купот на кралот одиграа Реал Мадрид и Ре…