Дома Фудбал Шешко со новите барања предизвика нервоза во Арсенал – ќе остане ли Артета без нов напаѓач?

Шешко со новите барања предизвика нервоза во Арсенал – ќе остане ли Артета без нов напаѓач?

Додека другите клубови, особено директните конкуренти на Арсенал во борбата за титулата во Премиерлигата Ливерпул и Манчестер Сити носат одлични засилувања, на Емирејтс тоа не е случај.

За Топџиите се подготвуваат два големи проблеми, а тоа се Марк Гуехи и Бенјамин Шешко.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Микел Артета го гледаше Марк Гуехи како совршен играч кој би донел голема конкуренција на стоперската позиција, но тој е подготвен да ја продолжи кариерата во Ливерпул наместо на Емирејтс.

Освен тоа, Микел Артета е очаен во потрага по нов напаѓач, а спортскиот директор Андреа Берта е во преговори со Бенјамин Шешко и напаѓачот на Спортинг од Лисабон Виктор Гјокерес.

Артета го посакува Словенецот кој има 22 години и смета дека тој треба да биде играчот за кој Арсенал ова лето ќе потроши големи средства.

Инсајдерите тврдат дека луѓето што се грижат за кариерата на Бенјамин Шешко бараат многу поголема плата за нивниот клиент отколку што раководството на Арсенал е подготвено да понуди.

Ѓокереш е алтернатива на Арсенал и не сакаат лесно да го изгубат бидејќи тој почна да разбира дека не е првиот избор, а тоа очигледно нема да му се допадне.

Овој одличен напаѓач на Спортинг сака да дојде во Премиерлигата, но моментално Бенјамин Шешко има предност кај раководството на Арсенал.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новиот голман на Барселона не може мирно да спие поради навивачи на Еспањол

За неверојатно кратко време, шпанскиот голман Жоан Гарсија од омилен лик се претвори во ме…