
Бенџамин Шешко се наоѓа пред одлука на кариерата, бидејќи 100% ова лето ќе го напушти РБ Лајпциг.
Словенецот е голема желба на Њукасл, но и на Манчестер јунајтед, кој дополнително се вклучи во трката и исто така прави сè за да го доведе.
Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
На оваа тема посебно говореше Фабрицио Романо, кој нагласи дека Њукасл буквално е спремен на сè за да го доведе Словенецот, по јасниот факт дека Александер Исак ќе замине, и тоа во Ливерпул.
“Ако Шешко одлучи да оди во Њукасл, клубот е спремен да плати буквално се’ што е потребно. Ќе плати се’ што бара клубот, се’ што сака Словенецот, сè што ќе побараат неговите агенти. Њукасл буквално знае сите бројки за реализација на трансферот, парите се подготвени, клубот може веднаш да го реализира трансферот, но се зависи од Шешко. Тој сè уште не ја донел конечната одлука. Не смееме да заборавиме дека Јунајтед исто така работи на неговиот трансфер. Тие исто така се во контакт и имаат подготвено понуда за Лајпциг. Њукасл е спремен, но е и Јунајтед и играчот го знае тоа. Шешко ќе си земе потребното време да размисли и веројатно ќе му бидат потребни денови, а не часови како што некои очекуваат”, рече Романо.
Фото: Принтскрин