Дома Фудбал Шешко пред премин во Премиер лигата?

Шешко пред премин во Премиер лигата?

Младиот и перспективен словенечки фудбалер Бенјамин Шешко може наскоро да биде во центарот на голема летна трансфер приказна. Напаѓачот на РБ Лајпциг е високо на листата на желби на Њукасл Јунајтед, кој го гледа како потенцијален наследник ако Александар Исак ова лето одлучи да го напушти клубот.

Според извори блиски до англискиот тим, Шешко веќе некое време се наоѓа под лупа на скаутите на клубот, а интересот повторно се разгоре откако Исак ги извести челниците дека сака да ги истражи своите опции. Иако формално не побарал трансфер, шведскиот напаѓач не патуваше со тимот на подготовките, а познатиот инсајдер Фабрицио Романо наведува дека Ливерпул веќе започнал разговори, и покрај тоа што неодамна потрошија 95 милиони евра за Хуго Екитиќе.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Шешко претходно ова лето одби многу примамлива понуда од Саудиска Професионална лига, а за него интерес покажа и Арсенал, иако „Топџиите“ по него се насочија кон други напаѓачи, како Виктор Ѓокерес. Њукасл, кој беше сериозно заинтересиран уште минатата сезона, сега повторно се разгледува конкретната можност за словенечкиот репрезентативец.

Иако Исак има уште три години договор, клубот го оценува на околу 150 милиони фунти и упатува дека не е на продажба по ниска цена. Сепак, ако дојде до трансфер, постои голема можност Бенјамин Шешко да ја продолжи својата кариера во Премиер лигата, која важи за најсилната фудбалска сцена во светот.

Во дресот на РБ Лајпциг, Шешко досега има изиграно 87 натпревари и постигнато 39 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

МЛС го суспендираше Меси

Раководството на МЛС-лигата одлучи да ги казни своите најголеми ѕвезди. Лионел Меси и Жорд…