
Реал Мадрид имаше доста проблеми минатата сезона поради бројни повреди на играчите, а така започна и пред сезоната 2025/26.
Францускиот репрезентативец Едуардо Камавинга ќе го пропушти почетокот на сезоната за Реал Мадрид откако денес беше откриено дека има истегнување на зглоб.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Порано шпанските медиуми открија дека Камавинга ги пропуштил последните тренинзи на Реал и нема да игра во последниот пријателски натпревар на Кралскиот клуб против австрискиот Тирол, кој е закажан за вторник.
Реал Мадрид ја започнува сезоната на Ла Лига со натпревар против Осасуна на 19 август, и сите прилики се дека неколку натпревари ќе ги пропушти Французинот, за кого повредите за жал не се непознат поим.
Реал Мадрид прецизира дека играчот ќе мине низ темелни лекарски прегледи за да се утврди обемот на повредата и веројатното времетраење на неговото отсуство.
Според новинарката Аранча Родригез, Камавинга би можел да биде надвор од терен и до десет дена, што го доведува во прашање неговото учество во отворањето на Ла Лига помеѓу Реал Мадрид и Осасуна, закажано за 19 август.
Откако неодамна се опорави од мускулна повреда која го оддалечи од април минатата сезона, Камавинга минатата сезона за Реал Мадрид настапи во 35 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и запишувајќи две асистенции.
Фото: Принтскрин