Дома Фудбал Сериозни проблеми во одбраната на Реал

Сериозни проблеми во одбраната на Реал

Паузата за натпреварите на националните тимови наскоро завршува, а Реал Мадрид ја продолжува сезоната со натпревар против Хетафе во Ла Лига во недела. До тогаш, клубот се надева дека некои од повредените играчи ќе се опорават, но шансите се мали.

Според “Атлетик”, Дин Хаусен ќе го пропушти мечот со Хетафе. 20-годишниот дефанзивец го напушти кампот на Шпанија поради мускулна повреда. Првичните прогнози беа дека ќе отсуствува околу десет дена, што му овозможуваше шанси да се опорави за натпреварот во недела. Сепак, најверојатно шпанскиот репрезентативец нема да биде во игра. Надежите на “кралевите” се тој да биде подготвен за дуелот со Јувентус следната недела и потоа за големото соочување со Барселона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Покрај него, Чаби Алонсо не може да смета на Трент Александер-Арнолд, Дани Карвахал, Ферлан Менди и Антонио Рудигер. Тренерот може да се обрати на Федерико Валверде и да го користи како десен бек, а во центарот на одбраната најверојатно ќе бидат Едер Милитао и Раул Асенсио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети: Чесите не можат да си одат дома, селекторот доби отказ на аеродром

Хорор ноќ, а ни следниот ден не е ништо подобро. Селекторот практично веќе е сменет, додек…