Дома Фудбал Серија на потписи во ПСЖ

Серија на потписи во ПСЖ

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен затвора случај со тројцата играчи оваа зима по успешниот трансфер период за нив.

Заминаа Марко Асенсио и Рандал Коло Муани, а пристигна Квича Кварачелија и трансфер периодот е оценет како одличен. Сега останува раководството да се позанимавa со тековниот кадар, односно да ги задржи играчите кои се од големо значење за Луис Енрике.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Така, започнувајќи од Нуну Мендеш, се потпишуваат нови договори. „Светците“ со дваесетгодишниот Португалец потпишаа соработка до 2030 година. Со 24 натпревари оваа сезона, еден гол и три асистенции, левиот бек се покажа во одлично светло кај Енрике и заслужи нова соработка.

Се очекува истото да се случи и со Ашраф Хакими кој е една од главните фигури на Пари Сен Жермен, како на теренот, така и надвор од него. Слично е и со Португалецот Витиња, кого многу тимови би го сакале во својот состав, но Пари Сен Жермен ќе се потруди да не се случи тоа, па и тој ќе потпише нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач: Не се сите противници како Баерн. Знаеме што ни треба за врвот во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Борусија Дортмунд денеска го продолжуваат своето патување во Лигата на шамп…