
Една од најактуелните теми во спортот остануваат случувањата од финалето на Африканскиот куп на нации. Добиена е прилично интересна причина зошто сенегалските играчи пожртвувано го бранеа пешкирот на голманот Едуард Менди од мароканските играчи, деца што ги прибираат топките и обезбедувањето.
За време на финалната средба помеѓу Мароко и Сенегал во Рабат, Ашраф Хакими и Исмаела Саибари, како и некои од гостите и обезбедувањето, се обидуваа да го одземат пешкирот на Менди. Тоa навидум безвредно парче ткаенина храбро го бранеше резервниот голман на Сенегал, Јеван Диуф, кој постојано се наоѓаше зад голот на Менди..
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Италијанскиот весник “Gazzetta dello Sport” го разоткри мотивот зошто Мароканците беа толку заинтересирани за пешкирот на Менди.
“Сенегал и вуду пешкирот кој Мароканците се обидуваа да го украдат за време на финалето” е насловот кој ги открива суеверијата на Сенегалците.
Во текстот “Gazzetta” објаснува: “Пешкирот на Менди, според сенегалското верување, претставува ткаено оружје кое ги апсорбира вуду-магиите и ја пренесува својата моќ на својот сопственик. Иако многумина мислат дека ова се глупости, Мароканците ги вложија сите напори да го добијат”.
Да потсетиме, Сенегал победи во продолженијата со резултат 1:0 и стана африкански шампион, а резервниот голман Диуф, без сомнение, заслужува големи пофалби и дел од заслугите за трофејот.