
Селекторот на португалската репрезентација Роберто Мартинез донесе добри вести за рехабилитацијата на Кристијано Роналдо, нагласувајќи дека има голема доверба дека напаѓачот ќе биде подготвен за Светското првенство.
Мартинез ја истакна дисциплината и професионализмот на Роналдо и потврди дека е потполно фокусиран на рехабилитацијата. Поради тоа, селекторот, како што вели, не се меша во неговиот план за опоравок.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Станува збор за полесна повреда и сигурен сум дека ќе се врати на тренинзи и натпревари веќе следната недела. Не е ништо сериозно”, рече Мартинез и додаде: „Тој е нашиот најважен играч во последната третина, каде што неговите движења во шеснаесетникот се огромен дел од нашата игра.”
„Кристијано е наш капитен, пример и инспирација. Тој не е само 41-годишник; тој е играч кој е гладен за напредок секој ден. Се покажува како врвен капитен и инспирација за помладите. А на теренот има 25 голови во последните 30 натпревари. Стандардите секогаш се највисоки и исти за сите”, заклучи тој.