
Селекторот на ракометната репрезентација на Германија, Алфред Гисласон, се огласи по скандалозната одлука која помогна на Србија да ја победи неговата екипа на Европското првенство во ракомет.
Гисласон побара тајм-аут буквално во моментот кога неговите играчи постигнаа изедначувачки гол.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сепак, по прегледувањето на снимката, беше утврдено дека топката не ја поминала гол-линијата пред да биде побарано минута одмор од Гисласон, па голот беше поништен.
Во врска со ова, се изјасни и германскиот селектор кој ја призна својата грешка за изгубениот натпревар против Србија.
“На крајот сметам дека моето барање за минута одмор нè чинеше барем еден бод. Го погледнав теренот и Јури беше побрз од што очекував. Тој гол ќе беше од огромно значење за нас. Верувам дека тоа беше шок за целиот тим. Оваа грешка нè чинеше барем еден бод”, изјави Гисласон во пресрет на натпреварот со Шпанија.
Искусниот стратег призна дека погрешната проценка во критичен момент го наруши ритамот на екипата и дека ваквите ситуации на големите натпреварувања се скапо платени.
Германците ќе имаат прилика за поправка вечерва кога во дуелот против Шпанија ќе одлучуваат кој ќе продолжи во следната фаза на натпреварувањето.