Дома Фудбал Седлоски: Дај боже пак да изненадиме како со Италија!

Седлоски: Дај боже пак да изненадиме како со Италија!

Селекторот на Фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, денеска го објави првиот список на повикани играчи откако ја презеде селекторската функција од Благоја Милевски. Неговиот дебитантски натпревар на клупата на националниот тим ќе биде против Фудбалската репрезентација на Данска на 26 март, во рамки на мундијалскиот бараж.

По објавувањето на списокот, Седлоски одржа и прес-конференција на која зборуваше за изборот на фудбалерите и очекувањата од претстојниот дуел со Данска. Тој истакна дека станува збор за силен противник, но и за натпревар кој претставува дополнителен мотив за македонската селекција.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Се работи за сериозен противник кој за нас е голем мотив да се докажеме да се видиме каде сме и што сме. Одлучив да не менувам многу во играчкиот кадар, оние кои го носеа товарот да останат, плус да освежиме со неколку нови и неколку повратници. Дебитанти се Мусовски кој добро го пратев цело време, кој добро играше во лигата во САД. Тука е Фетаи кои за Шкендија ги игра сите натпревари. Третиот е Херера кој е капитен на Борац Бања Лука и настапува одлично таму“, порача Седлоски.

Селекторот се осврна и на информациите дека Данска ќе настапи со одредени кадровски проблеми поради повреди, но нагласи дека македонскиот тим е фокусиран исклучиво на својата игра.

„Знам дека Данска има многу проблеми со повреди, но нас тоа не не интересира. Се радувам што нашите напаѓачи играат во добра форма. Кога во прашање е Данска тие имаат голем ростер и секогаш може да направат добар тим. Данска е фаворит на хартија, но во фудбалот има изненадување, на теренот може се да се случи. Данска ја фаворизираат исто како и Италија што ја фаворизираа. Дај Боже да направиме пак изненадување исто како и тогаш“, изјави Седлоски.

Тој најави дека ќе се обиде да внесе и одредени новини во играта на националниот тим, иако времето за подготовки е ограничено.

„Три дена имам за работа со играчите, ќе се обидам да вметнам нешто ново, но немаме многу време, не можеме многу да менуваме. Она што ми е важно да сме колективна, компактна екипа, да одиграме еден за друг, да не се плашиме. Играчите не треба да се плашат од атмосферата во Данска, мислам и дека нема да се плашат, тие играле во големи клубови и играле пред жешка атмосфера. Ќе настојуваме да играме офанзивно, но ќе зависи и од тоа колку ќе ни дозволи противникот. Најважно е да бидеме храбри, да одиграме машки“, додаде Седлоски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Maкедонија има проблем пред Данска, Лугано не го пушта Алиоски!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, денеска го соопшти спи…