
Играчот за врска на Реал Мадрид Даниел Себаљос може да ја продолжи својата кариера во француската Лига 1. Фаворит за неговиот потпис е Марсеј.
Според Фабрицио Романо, Себаљос е „трансферот од соништата“ за францускиот клуб, кој планира да го засили својот среден ред. Предварителни разговори веќе беа одржани помеѓу Реал и Марсеј.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Договорот нема да биде лесен, но ОМ ќе се обиде да го реализира трансферот во форма на позајмица со опција за купување.
Самиот Себаљос веќе објави на социјалните мрежи дека си оди од „Сантијаго Бернабеу“.