
Игор Тудор, тренерот на Тотенхем, се соочува со остри критики од британската и европската спортска јавност, затоа што на веќе 17. минута од првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, го замени голманот Антонин Кински (22).
Атлетико успеа да победи со 5:2, а по само 15 минути игра, веќе водеа со 3:0. Од трите примени гола на Тотенхем, два беа грешка на голманот. Кински првпат настапи оваа сезона во Лигата на шампионите токму на овој натпревар, а вкупно само по трет пат од летото, што веќе беше големо изненадување од страна на Тудор. Тој објасни дека ја донел одлуката за да го тргне од голот првиот голман Гиљермо Викарио, кој беше под критики во последно време.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Одлуката на Тудор брзо се покажа непопуларна, па во 17. минута го смени Кински. Навивачите на Тотенхем и љубители на фудбалот воопшто беа шокирани што Тудор толку брзо го замени голманот и, уште повеќе, што при замената не му даде поддршка на Кински.
Сега се појави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, доаѓа до аут-линијата и разговара со тренерот, по што Тудор сигнализира за замена на голманот. Навивачите се убедени дека Ромеро му предложил на Тудор да ја направи замената за да го заштити Кински.
Ромеро му кажа на Игро Тудор да го извади Кински 😭😭 pic.twitter.com/C5kP9rWv1n
— Footy Humour (@FootyHumour) March 10, 2026
На прес-конференцијата по натпреварот, новинарите го прашаа Тудор: „Ромеро ви се обрати пред замената на Кински и разговараше со вас. Дали побара да го замените, или тоа беше ваша одлука?“ Тудор одговори со: „Секако дека тоа беше моја одлука,“ но избегна да објасни дали капитенот побарал замена на голманот.