Дома Фудбал Се подготвува сензационален потпис на Лука Модриќ?

Се подготвува сензационален потпис на Лука Модриќ?

Бројни италијански медиуми вчера објавија информација дека Масимилијано Алегри е сериозен кандидат за нов тренер на Реал Мадрид. Наводно, овој искусен стратег, кој моментално е на клупата на Милан, е сериозна опција за „кралевите“.

Потврда за оваа информација од Шпанија нема, а Италијанците во својата приказна одат и подалеку. Тврдат дека, ако го преземе кралскиот клуб, Алегри би го повел со себе на Сантјаго Бернабеу Лука Модриќ и Адриен Рабио.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Ако Масимилијано Алегри ја прифати понудата од Реал Мадрид, сака да ги поведе со себе Модриќ и Адриен Рабио“, наведуваат италијанските медиуми.

Неодамна се појави информација дека Лука размислува само за две опции. Едната е враќање во Динамо, каде би одиграл сезона и потоа би ја завршил кариерата, а другата е дека по Светското првенство во дресот на Хрватска ќе ги закачи копачките на клин.

Луѓето од Милан се обидуваат да го убедат да остане на Сан Сиро и следната сезона. Сепак, одлуката сè уште не ја донесол.

Нема сомнение дека враќањето во Мадрид би станало приоритет пред сите други. Модриќ со своето семејство планира да живее во главниот град на Шпанија по завршувањето на кариерата, а заминувањето во омилениот дрес е сигурно нешто за што сонува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Решено е: Само Лапорта и Фонт се официјални кандидати за претседател на Барселона

По проверката на потписите, Изборната комисија на Барселона ги објави кандидатурите за пре…