Дома Трансфер зона Се појави опција за Погба: Французинот добива нова шанса во Премиер лигата?!

Се појави опција за Погба: Французинот добива нова шанса во Премиер лигата?!

Екипата на Јувентус не се одлучи да го задржи Пол Погба кој по истекот на суспензијата во март ќе може да се врати на терените, но Французинот сепак би можел да добие прилика во голем клуб.

Имено, според информациите на „Индепендент“, Манчестер Сити покажал интерес за Погба.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Погба го раскина договорот со Јувентус и „граѓаните“ би можел да ги засили бесплататно и тоа на позиција на која се сериозно ослабени по повредата на Родри кој во актуелната сезона нема да биде на располагање на Гвардиола.

Францускиот фудбалер претходно се поврзуваше со Марсеј и со клубови од МЛС лигата и Саудиска Арабија, спека нема дилем идека Манчестер сити за него во овој момент би бил најголемиот предизвик.

Покрај Јувентус, Погба во кариерата беше дел само уште од градскиот ривал на „граѓаните“, Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал сепак ќе му плати на Ливерпул за Трент

Сега е јасно дека Трент Александер-Арнолд од лето ќе биде играч на Реал Мадрид. Десниот бе…