Украинскиот фудбалер, Михајло Мудрик направи голем трансфер од Шахтјор во Челзи за сума од 70 милиони евра, но на теренот игра далеку под очекувањата.
Констатно од сезона во сезона не успева да се наметне ниту кај еден менаџер на Челзи, па исклучок не е ниту Енцо Мареска кој го препороди овој тим.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Иако Италијанецот му дава одредена прилика, јасно е дека на него не смета сериозно и дека веќе овој јануари му подготвува позајмица. Украинецот сака минутажа и статус на првотимец, а со оглед на сегашната самодоверба и форма се појави клуб кој изгледа како идеална опција.
Англиските медиуми пренесуваат дека Кристал Палас во јануари ќе се обиде да го доведе на позајмица до крајот на сезона.
Челзи според најавите нема да прави проблем околу оваа зделка бидејќи се уште не се откажал од него, па со позајмица ќе се надева дека ќе ја врати формата со која играше во украинскиот клуб. Сезонава Кристал Палас освои само седум бода и по 11 кола се наоѓа на 18 позиција.