Дома Фудбал Останато Се огласи семејството на Шумахер: Не се задоволни од казната за уцената

Се огласи семејството на Шумахер: Не се задоволни од казната за уцената

Семејството на познатиот возач на Формула 1 Михаел Шумахер се огласи со соопштение, што многумина ги изненади, бидејќи е реткост неговата сопруга Корина и нивните деца да се огласуваат.

Во соопштението истакнаа дека доставиле жалба на одлуката на судот благо да го казни поранешниот телохранител Маркус Фриче поради обид за изнуда во која беа вмешани три лица.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Имено, тројцата обвинети се закануваа дека ќе објават голема колекција приватни видеа и фотографии на седумкратниот шампион во Формула 1, доколку семејството не плати огромна сума пари.

Неговиот син Даниел Линс беше осуден на шест месеци условна казна поради помагање, додека Фриче доби две години условно бидејќи беше осуден само како соучесник во обидот за изнуда.

“Жалбата ја приложивме бидејќи сметаме дека казната за господинот Ф. е премногу блага. Според моето мислење, тој беше мозокот на оваа операција. Она што ме шокира најмногу е масовната злоупотреба на довербата. Треба да добие казна која ќе ги одврати сите потенцијални имитатори во иднина”, стои во соопштението кое го потпиша Корина Шумахер.

Семејството најмногу стравува дека на интернет може да се појави материјал, бидејќи не знаат каде се наоѓа.

“Можете да бидете сигурни дека ќе ги искористиме сите правни можности што ни стојат на располагање. Не знаеме каде се наоѓа исчезнатиот хард диск. Немам кристална топка, но постои можност за нова закана преку некои алтернативни канали”, изјави и семејниот адвокат Тило Дам кој рече дека не се согласуваат со одлуката на судот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пулишиќ демантира кавга со тренерот: Тоа се измислици, оставете не на мир

Фудбалерот на Милан, Кристијан Пулишиќ остро го демантираше написот на италијанскиот весни…