Дома Фудбал Се огласи еден од најбараните голгетери во Италија и побара трансфер!

Се огласи еден од најбараните голгетери во Италија и побара трансфер!

Нигерискиот голгетер Адемола Лукман јавно изрази намера, две години пред истекот на договорот, да ја напушти Аталанта. Тој смета дека клубот, на кој му го донесе трофејот од Лигата на Европа, го изневери, иако последните три сезони со гордост го носеше дресот на екипата од Бергамо.

Веќе со недели се зборува за потенцијалниот трансфер на Лукман во Интер, но Африканецот до сега молчеше, прекинувајќи ја тишината со јасна порака до раководството на клубот преку Инстаграм.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Во последните три години, го дадов апсолутно сè од себе за Аталанта. Не само како фудбалер, туку и како личност. Со гордост го носев дресот и се трудех да го претставувам клубот и градот Бергамо со срце, страст и посветеност.

Доаѓајќи овде, се надевав дека ќе помогнам овој посебен клуб да напредува, и заедно создадовме спомени кои ќе ми останат засекогаш. Освојувањето на Лигата на Европа и одењето рамо до рамо со моите соиграчи таа ноќ во Даблин, славејќи со нашите навивачи, беше еден од најгордите моменти во мојата досегашна кариера. Сè уште се возбудувам кога ќе се сетам на тоа“, се присети Нигериецот на моментот кој му ја обележи кариерата во дресот на италијанскиот тим.

Фудбалерот за кого најголемо интересирање ова лето покажа Интер исто така истакна дека со текот на времето Бергамо му стана втор дом и дека секогаш се трудеше да ја возврати љубовта, но дека сега е време да започне нова авантура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид го плати 30 милиони евра, а сега си замина без да одигра натпревар

Бразилскиот фудбалер Реиниер Жесус заминува од Реал Мадрид по пет и пол години, без да заб…