Дома Фудбал Се е познато Роналдо веќе потпишал договор!

Се е познато Роналдо веќе потпишал договор!

Статусот на Кристијано Роналдо и неговата иднина се една од водечките теми во претстојниот трансфер период. Сантј Аоуна, француски новинар од Foot Mercato, ја открива локацијата каде напаѓачот ќе ја продолжи кариерата. Според неговите извори, имало пресврт, и Роналдо сепак потпишал нов договор со саудискиот клуб Ал Наср.

Со тоа, барем на кусо, се стави крај на шпекулациите дека Роналдо заминува од клубот. Спомнуваа се неколку опции – од големите европски клубови за кои можеше да игра уште на претстојното светско клупско првенство до пензија. Договорот на Роналдо со Ал Наср истекува на 30 јуни, по што можеше без отштета да премине во кој било клуб.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Португалската ѕвезда, која пристигна во Ал Наср на 1 јануари 2023 година со највисокиот договор во историјата на спортот од 200 милиони евра годишно, одигра вкупно 111 натпревари за клубот и постигна импресивни 99 голови во сите натпреварувања.

Првата сезона на Роналдо во Саудиска Арабија беше период на прилагодување на новата лига и култура, но веќе тогаш ја покажа својата класа. Во сезоната 2022/23, постигна 14 гола во 16 настапи во првенството, вклучувајќи хет-трик против Ал Вехда и Дамака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баер Леверкузен договори две засилувања – едно од европскиот шампион, друго од Премиер лигата

Леверкузен заврши голем трансфер. Иако се очекува заминување на неколку првотимци (некои в…