Дома Фудбал Саутемптон испиша историја во Премиер лигата ама – негативна!

Саутемптон испиша историја во Премиер лигата ама – негативна!

Фудбалерите на Саутемптон испишаа историја на англискиот фудбал бидејќи станаа тимот што најбрзо испадна во историјата на Премиер лигата, а тоа се случи по само 31 одиграно коло.

Саутемптон, предводен од клупата од хрватскиот тренер Иван Јуриќ, вчера по поразот од Тотенхем (3:1) и официјално испадна од лигата. Никој досега не бил елимниран во 31-то коло на Премиер лигата.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Рекордот досега го држеа Ипсвич Таун и Дерби Каунти, кои од лигата испаднаа во 32-то коло. Сепак, Саутхемптон има можност да собори уште еден неславен рекорд.

Имено, досегашниот рекорд во лигата за најмал број бодови во сезона го држи Дерби Каунти (11 бодови). Саутхемптон во моментов има 10 бодови и постои можност да го собори негативниот рекорд или да го изедначи.

Хрватскиот тренер на клупата на популарните Светци тврди дека тоа не смее да се случи.

“Мораме да го избегнеме тој рекорд. Дадете сѐ од себе, тоа не смее да се случи. Знаеме дека сме во лоша ситуација и сега сѐ е завршено. Не можам да кажам ништо лошо за моите играчи, ова беше навистина тешка сезона за сите”, рече Јуриќ.

Хрватскиот тренер не е главниот виновник за лошите резултати бидејќи тимот го презеде во катастрофална состојба од Расел Мартин во декември.

Клубот на интересен начин го коментира испаѓањето од лигата. Во соопштението, наместо испаѓањето од лигата, е користен терминот “се потврди нашето место во Шампионатот”, што го привлече вниманието на фановите.

Фото: Southampton FC 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бекам со понуда до Де Брујне која не се одбива

Кевин де Брујне ова лето ќе биде слободен играч и веќе има право да преговара со други клу…