Дома Фудбал Саудијците потврдија и ги разочараа навивачите: Нема да ја менуваме нашата култура поради некој друг

Саудијците потврдија и ги разочараа навивачите: Нема да ја менуваме нашата култура поради некој друг

Саудискиот принц Халид бин Бандар Ал Сауд во интервју за странските медиуми откри дека нема да биде дозволена употреба на алкохол на Светското првенство 2034 година.

Како што истакна, нема да има никакви исклучоци кога тие ќе го организираат Светското првенство и алкохолот нема да биде дозволен во хотели, ресторани или на стадиони.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Оваа најавa доаѓа по тоа што алкохолот делумно беше дозволен за време на Светското првенство во Катар во 2022 година.

“Нема да дозволиме алкохол на Светското првенство, луѓето можат да се забавуваат и без тоа. Не е сто проценти неопходно и ако сакате да пиете нешто, тоа направете го, но откако ќе ја напуштите нашата земја. Во моментов не служиме алкохол”, изјави Ал Сауд и додаде:

“Имаме многу различни култури во светот и среќни сме што можеме да угостиме многу луѓе, но не сакаме да ја промениме нашата култура поради некој друг”.

Запрашан дали љубителите од геј заедницата ќе можат безбедно да присуствуваат на Светското првенство 2034 година, истакна дека “Саудијците ќе им посакаат добредојде на сите во Арабија” и продолжи понатаму:

“Ова не е само саудиски, туку светски настан, и во голема мера ќе им посакаме добредојде на сите кои сакаат да дојдат во нашата земја”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спортскиот директор на Леверкузен одговори на Баерн за Вирц

Спортскиот директор на Баер (Леверкузен) Симон Ролфес одговори на коментарите на Баерн во …