
Според информациите на германските и француските медиуми, Лирој Сане, 29-годишниот фудбалер на Баерн и германската репрезентација, е се поблиску до заминување во турскиот шампион Галатасарај. Сане заедно со остатокот од тимот на Bayern отпатува во Соединетите Американски Држави за претстојното клупско Светско првенство, но се наведува дека неговото заминување од тој настан е реално во некој момент. Поточно, кога ќе се финализираат преговорите со Galatasaray, кои сè уште траат.
Турскиот шампион ги подобри финансиските услови кои му ги нуди на Сане, играч кој во крајот на јуни му истекува договорот со германскиот шампион. Тотенхем и Арсенал, исто така, беа споменувани во контекст на неговото ангажирање, како и потенцијално останување во Баерн, но сега преселбата во Истанбул се смета за прва опција за играчот кој за германската репрезентација има одиграно 70 натпревари и постигнато 14 гола.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Професионалната кариера ја започна во Шалке, а потоа играше за Манчестер сити од 2016 до 2020 година. Од англискиот клуб се пресели во Баерн за кој досега има одиграно 153 натпревари во Бундеслигата и постигнато 40 гола. Со Сити освои два наслова во Премиер лигата, а со Баерн четири во Бундеслигата.
Фото: Принтскрин