
Џејдон Санчо одбил да премине во Рома поради врската со американската рап изведувачка, известува весникот “Газета дело Спорт” во средата.
Англичанецот беше пред трансфер во италијанскиот клуб, но се откажал од оваа можност бидејќи во Рим би бил далеку од пејачката Сауити. Во моментов, крилниот размислува можност за договор со клуб од Северна Америка, иако Рома му понудила плата од 6 милиони евра.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
25-годишниот Санчо е сопственост на Манчестер Јунајтед, но сигурно нема да остане кај “црвените ѓаволи”. Управата на “волците” нудеше 23 милиони евра за правата на поранешниот репрезентативец на Англија, кој нема играно за “трите лава” од 2021 година.
Џејдон Санчо се запознал со раперката Сауити минатиот декември. Големата дистанца меѓу нив двајцата го спречува во чести средби и затоа фудбалерот сака да се пресели и да игра во САД, исклучувајќи потполно трансфер во европски тим.
Крилниот играше на позајмица во Борусија Дортмунд и Челси, а сега е предмет на интерес и од турскиот Бешикташ.