![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/bg-850x491.jpg)
Тешко дека дуелот од 21-то коло на бугарскиот шампионат меѓу Локомотив и Септември би привлекол наше внимание доколку немаше неколку необични детали.
Гостите од Софија победија со резултат од 1:0, што очигледно ги налути домашните навивачи кои во последните моменти од натпреварот влегоа на теренот и го повредија делегатот на натпреварот, кому поради последиците од тепањето му прокрвави носот.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
А самиот почеток на натпреварот не наговестуваше такво сценарио бидејќи сѐ започна со Божји благослов.
Буквално, бидејќи домаќините ја прославија годишнината на клубот со молитва која на теренот пред почетокот на натпреварот ја произнесе свештеник.
Изгледа дека во бугарскиот фудбал никогаш не е досадно…
🇧🇬 | На натпреварот помеѓу Локомотив Пловдив и Септември Софија на трибините избувнаа немири.
— Balkan Futbolu (@BalkanFutbolu) 16 февруари, 2025
Некои од навивачите на домаќинот Пловдив го нападнаа делегатот на Септември Софија. Пристигна амбулантно возило. https://t.co/rx1McyMAmO pic.twitter.com/RsdR0N7SgU