Дома Фудбал Тренерот на Раднички Крагуевац почина за време на натпреварот(видео)

Тренерот на Раднички Крагуевац почина за време на натпреварот(видео)

Тренерот на српскиот фудбалски прволигаш Раднички Крагуевац, Младен Жижовиќ, почина за време на денешниот натпревар со Младост во Лучани.

Четириесетчетиригодишниот Жижовиќ, кој работеше и во македонскиот фудбал како тренер на Шкупи, ненадејно падна покрај клупата во текот на првото полувреме.

Судијата веднаш го прекина натпреварот, играчите во паника побараа помош, лекарите реагираа, беше поставен на носилка и пренесен во болница, додека гледачите аплаудираа како поддршка за 44-годишниот стручњак.

Сепак, по околу 15 минути пристигна веста дека Жижовиќ починал во болница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Половина клубови од Премиер лигата крши закон поради кој може да загубат милиони!

Половина од клубовите во англиската Премиер лига би можеле да се соочат со сериозни правни…